Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот утрово умерен, еве каква е состојбата на граничните премини

Grcija Granica.jpeg

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ: Патниот правец Крушево – с.Долно Дивјаци – с.Кочиша е небезбеден за сообраќај и претставува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 04.4.2025 година е затворен за секаков вид на сообраќај. Може да се користат регионален пат с.Пуста Река -Крушево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена.

Можете да прочитате

Единаесет наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација

Официјално пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

Затворен аеродромот во Тел Авив, македонската амбасада во Израел соопшти дека активна е само морска рута