Утрински Весник
Свет

Трамп очекува одговор од Русија за мировните преговори за Украина оваа недела

Tramp 1.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува одговор од Русија во врска со можниот мировен договор со Украина во наредните денови.

– Ќе се слушнеме со нив оваа недела, всушност многу наскоро, и ќе видиме, рече Трамп за време на прес-конференцијата во Белата куќа по средбата со италијанската премиерка Џорџија Мелони, пренесува ДПА.


Трамп, исто така, повторно зборуваше за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Не сум задоволен со него. Не го обвинувам, но велам дека не ја заврши најдобро работата. Не сум голем обожавател, рече Трамп за својот украински колега.

Трамп посочи дека Русија има многу поголема армија од Украина и повторно го обвини неговиот претходник Џо Бајден за војната, како што направи неодамна кога ги обвини и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Зеленски.

Трамп сака брз крај на војната и зближување меѓу САД и Русија. Неговиот специјален пратеник Стив Виткоф неодамна неколкупати патуваше во Москва неколку пати за да разговара со Путин, потсетува ДПА.

Можете да прочитате

Путин прогласи велигденско примирје – 24info.mk

Научниците пронајдоа клучни индиции на гробот на Исус

Благодатниот оган и оваа година се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот