Утрински Весник
Македонија

Милошоски: Би биле многу посреќни ако Вреди успеат да ја задржат политичката компактност

Miloshoski.jpg

Во однос на иницијативата на ДУИ за Анкетна комисија во Собранието, Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на централниот Дневник на телевизија Алсат М истакна дека согласно Уставот, Анкетната комисија може да се основа и да биде вонредна, но условот е да има најмалку 20 пратеници коишто ќе дадат поддршка, а нивната иницијатива имаше само 16 потписници, додавајќи дека и во нивната коалиција не успеаја да го соберат целосниот број на пратеници што говори за капацитетот на ДУИ да привлече дополнителни пратеници за поддршка на нивни иницијативи.

Милошки беше прашан и за случувањата во коалицијата Вреди, при што истакна дека стабилноста на Владата не е загрозена, но верува дека по враќањето на премиерот Христијан Мицкоски од патувањето во странство ќе се разговара со коалиционите партнери за да се зачува компактноста на парламентарното мнозинство.


„Прво, не сме задоволни што има вакви турбуленции во коалицијата Вреди, ние би биле многу посреќни ако тие успеат да ја задржат својата политичка компактност. Бидејќи, таа политичка компактност беше еден силен адут за да ја добиеме заеднички довербата од гласачите, а таа доверба беше, ново парламентарно мнозинство да раководи со државата и да ги поправи грешките на СДС и на ДУИ, којшто добија порака дека треба да бидат во опозиција. Истовремено, не можеме на ниеден политички субјект да му сугерираме како размислува да настапи или да не настапи на локалните избори“, истакна Милошоски.

Можете да прочитате

Во неколку општини СДСМ нема да има кандидат за градоначалник, туку само советнички листи

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром