Утрински Весник
Македонија

Оваа ноќ обилни врнежи, грмежи и локално невреме!

Meteoalarm.mk 46.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Во текот на оваа ноќ под влијание на влажна  и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, на повеќе места во нашата Република Македонија ќе има врнежи од дожд, локално обилни и поројни, особено во западните предели и проследени со појава на грмежи.


Локално особено во западните предели процесите ќе бидат застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен јужен и југоисточен ветер (над 60 км/час) електрични празнења  и со појава на град. И во Скопскиот регион ќе има појава на повремен дожд, кој во делови од котлината ќе биде пороен, проследен со засилен јужен и југоистоисточен ветер, но и со услови за појава на грмежи.

Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор  и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните да избегнуваат да ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата