Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Не смее да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда

Puls.webp.webp

Соопштение на ДУИ:

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот – под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта.


Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество.

Во нашата реалност, молкот на институциите зборува погласно од било која одлука.

Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бекташи, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда.

Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација.

ДУИ бара јавно и веднаш Обвинителството да одговори пред граѓаните:

– Дали е вистина дека обвинител се повлекол поради политички водена истрага?

– Ќе дозволи ли Обвинителството да стане инструмент за политичка одмазда кон опозицијата?

– Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази и со нејасна истрага?

Ова не е правда – ова е политика во судска обвивка.

Не смее да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда и прикривање на одговорноста на владејачките структури.

ДУИ не брани поединци, туку ја брани правдата како принцип – еднаква за сите.

Можете да прочитате

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност

Растат црните статистики: Bо 2024-та загинале 142 лица, најчесто поради брзо возење

Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца