Утрински Весник
Свет

Малдиви, поради војната во Газа, им забранија влез во земјата на сите со израелски пасош

Mali baneri za website 362 242 px 19.png

Парламентот на Малдиви усвои амандман на законот за имиграција, со кој се забранува влез во земјата на секој со израелски пасош поради војната во Газа.

Амандманот претходно беше одобрен од претседателот Мохамед Муизу, се вели во соопштението од неговиот кабинет.


Одлуката беше донесена пред околу една година, но беше официјализирана дури оваа недела.

„Ратификацијата ја одразува цврстата позиција на владата како одговор на континуираните злосторства и тековниот геноцид извршен од Израел врз палестинскиот народ“, се вели во соопштението.

Малдиви, мала земја јужно од Индија и добро позната и многу популарна туристичка дестинација, има мнозинско сунитско муслиманско население.

Таму проповедањето и практикувањето на другите вери е законски забрането.

Според последните податоци, во февруари на Малдиви влегле 59 лица со израелски пасоши. (МИА)

Можете да прочитате

Убиен министерот за одбрана на Мали

Универзитетски професор за напаѓачот од Вашингтон вели дека е добар човек

Цело семејство исчезна во Лајпциг: Полицијата ги бара родителите и едномесечното бебе