Утрински Весник
Македонија

Апасиев: Тошковски ја заташкува истрагата за функционерите од ДПМНЕ да не одговараат

Apasiev.jpg

Соопштение на Левица:

Откако вчера пратеничката група на Левица поднесе Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани, денес се огласи и претседателот на партијата и пратеник Димитар Апасиев. 


Апасиев, во објава на социјалните мрежи, укажува дека досега, при секоја голема трегедија, актуелните министри си поднесувале оставки, кои потоа премиерите (Груевски и Заев) – „не им ги прифаќаа!? Во Србија дури падна и Владата за трагедијата со 15 загинати во Нови Сад!”

„Но, овој бескрупулозен министер, со образ ѓон, кој е познат како “адвокат на урбаната мафија” – нема ниет да ја сфати суштината на оставката од морални причини, иако МВР и те како е криво за она што се случи во Кочани, каде што загинаа 60-на луѓе, а над 200 се повредени! Овој послушник на премиерот, има само една задача – да ја заташка истрагата со цел ниеден актуелен функционер-вмроид да не одговара! Затоа, ние му поднесовме ИНТЕРПЕЛАЦИЈА и со него ќе се соочиме машки на собраниска седница”, пишува Апасиев на социјалните мрежи.

Интерпелацијата за Тошковски која вчера ја поднесе Левица, како што информираа е затоа што од позиција на министер,  грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, неодговорно и непрофесионално што довело во низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови промашувања во МВР.

Можете да прочитате

Искршена камера кај домот на Вања, уништена е во вторникот вечерта

Таравари не остварил средба, но телефонски разговарал со Ахмети

Казна до 10 илјади евра за непочитување на обврската за објавување на цените на веб-страниците