Утрински Весник
Македонија

Извештајот од антикорупциската проверка на закони по трагедијата во Кочани на седница на ДКСК

Dksk.webp.webp

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница ќе расправа за Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на одредби кои се однесуваат на издавањето на лиценци, одобренија, дозволи за работа на угостителски објекти и слично, како и за вршење надзор во Законот за угостителска дејност, Законот за заштита и спасување, Законот за инспекциски надзор, Законот за локална самоуправа, Законот за заштита од експлозивни материи и Законот за промет на експолозивни материи.

ДКСК ја почна  антикорупциската проверка на законите по трагедијата со пожарот во Кочани,  со цел, како што соопштија на 24 март годинава, да се овозможи откривање и спречување на потенцијални ризици од корупција при спроведување на соодветните постапки поврзани со издавање на одобренија и лиценци за работа, дозволи за работа на угостителски објекти, како и во делот на вршење надзор над истите. 


На денешната 17. седница што ќе се одржи преку ZOOM комуникациската платформа  членовите на Комисијата ќе ги разгледаат и Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на член 14 од Правилникот за начинот на спроведување на селекција при распоредување, како и при унапредување и начинот на остварување на системот на кариера на работниците во Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Новиот градоначалник на Кочани: Состојбата во општината е хаотична, наместо 32 имаме 16 пожарникари!

МВР: Јавниот обвинител Коцевски не ја наруши полициската акција во Кочани

Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа