Утрински Весник
Македонија

Манасиевски: Филипче ги лажеше граѓаните за нов Клинички центар, само за да може да го краде народот

Ksgub manasievski 1.jpg

Екминистерот Венко Филипче и СДСМ му ветуваа на народот нов Клинички, а во реалноста даваа физиолошки раствори наместо лекови, обвинува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче и СДС му ветуваа на народот нов Клинички, а во реалноста граѓаните добија урнисано и запоставено здравство. Филипче и СДС му ветуваа на народот нов Клинички, а во реалноста Пановски добиваше милионски тендери, а граѓаните поскапи лекови. Филипче и СДС му ветуваа на народот нов Клинички, а во реалноста Филипче си местеше тендери и провизии од лекови и вакцини“, рече Манасиевски.


Додава дека ВМРО-ДПМНЕ оставиле готов проект за кој биле обезбедени 128 милиони евра, кој доколку се било како што треба, ќе бил готов во 2021 година.

ВМРО-ДПМНЕ уверува дека новиот клинички ќе биде изграден.

Можете да прочитате

Муртезани на ГАК во Брисел: „Механизмот за владеење на правото претставува огледало на нашата демократска совест“

ИЈЗ: Нема загадување со тешки метали на почвата кај Трубарево

Закани, пожар и молк од полицијата – потресно сведоштво на Миа Костова