Утрински Весник
Македонија

Дурмиши не е опфатен во истрагата, сопственикот на „Пулс“ не барал лиценца во 2025 година, вели обвинителот Коцевски

Ljupco Kocevski.jpg

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес конференција со минитсерот за внатрешни работи информираше за деталите во врска со проширената истрага за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Како што вели, истрагата е проширена за нови 19 лица.


„Сите како и претходните, за кои беше поведена истрага, се осомничени за тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од КЗ. За четворица од обвинетите е предложена мерка притвор, за 7 осомничени мерка куќен притвор во комбинација со забрана за остварување на комуникација, и за уште седум лица се предложени мерки за претпазливост. Еден од осомничените во моментот на отворање на истрагата беше надвор од државата“, вели Коцевски.

Коцевски истакна дека меѓу новите осомничени се три лица кои во одреден момент ја извршувале функцијата министер за економија, двајца државни секретари и три службени лица надлежни за сектор за угостителство и туризам кои работеле во Министерството за економија.

„Овозможиле „Пулс“ да добие лиценци и незаконски да продолжи да врши угостителска дејност за целиот период од отворањето до пожарот. Актуелниот министер за економија не е опфатен оти сопственикот не иницирал постапка за лиценца“, додаде Коцевски.

Можете да прочитате

Коцевски: Од Бугарија стигна одговорот за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

АА со свои кандидати на локалните избори – Таравари го отфрли ултиматумот од Вреди

За Велигден уживајте во сончевото време, со рано летни температури на воздухот!