Утрински Весник
Македонија

Муцунски ќе учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург

Mucunski 11.4.2025.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре престојува во работна посета на Луксембург, каде што, на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија и потпретседателка на Европската комисија, г-ѓа Каја Калас, ќе учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, во формат на министри за надворешни работи на земјите-членки и земјите од Западен Балкан.

Во услови на сѐ посложен геополитички контекст, состанокот има за цел, во инклузивен формат, да се дискутира за продлабочување на соработката меѓу Европската унија и Западниот Балкан на полето на европската безбедност.


На состанокот се очекува министерот Муцунски да ја истакне целосната усогласеност на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија – како потврда за стратешката ориентација кон полноправно членство во ЕУ, но и како показател за доследната посветеност на промоцијата и заштитата на европските вредности и принципи.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Луксембург, Гзавие Бетел, како и одвоена средба со Марта Кос, комесарка за проширување на Европската унија.

Можете да прочитате

По 24 часа интензивна потрага, пронајдено е исчезнатото момче од Тремник!

Лидерите од коалицијата „Вреди“ попладне ќе ја разгледаат одлуката на Алијанса за Албанците

Трипуновски: Рестрикции на вода нема да има