Утрински Весник
Свет

Зеленски: Најмалку 155 Кинези се борат на руска страна

Zelenski1.jpg

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека според украинската разузнавачка служба, најмалку 155 кинески државјани се борат на страната на руската армија против Украина.

Во обраќање до медиумите, Зеленски нагласи дека Русија регрутира кинески државјани преку социјалните мрежи и додаде дека кинеските власти се информирани за оваа активност.


Тој рече дека Украина се обидува да утврди дали регрутираните лица дејствуваат по инструкции од Пекинг.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијанг, денеска изјави дека Кина ја проверува информацијата за кинески државјани кои наводно се борат на страната на Русија, во соработка со украинските власти.

„Кинеската Влада секогаш ги повикува своите државјани да се држат подалеку од зони на вооружени конфликти и особено да не учествуваат во какви било воени операции“, додаде Лин. 

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа