Утрински Весник
Македонија

Приведен директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи под сомнение за мито од 20.000 евра

488906433 2395994010768895 3811296910331237832 n 430300.jpg

Директорот на Специјализираната болница за геријатрија, Мухсин Арифи, е приведен под сомнение дека примил мито за да овозможи хоспитализација на пациент. Неофицијално, се спомнува сума од 20 илјади евра, иако таа засега не е потврдена.

Болницата згрижува возрасни пациенти во исклучително тешка здравствена состојба, со долги листи на чекање и ограничен број на кревети.


Приведувањето е извршено во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи. Приведени се две лица под сомнение за сторени кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

„Се постапува за целосно расчистување на настанот“, информираат од Обвинителството.

Арифи претходно беше организациски директор во Психијатриската болница Бардовци. По професија е дипломиран архитект, а доаѓа од политичката партија Алијанса за Албанците.

Можете да прочитате

„КОД“ откри: Марихуаната во Србија превезувана како „македонски перници“ од Прилеп

Алиу: Најмалку шест производители на медицинска марихуана ќе ги изгубат лиценците

Сообраќајот се одвива во зимски услови, без подолги задржувања на граничните премини