Утрински Весник
Скопје

Кирков: Има ли крај хоророт? Угинаа две лами од редок вид во скопската Зоолошка

Zooloshka Skopje.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хоророт во Скопската Зоолошка градина продолжува. Погинаа две лами! соопшти Стефан Кирков на социјалните мрежи.

– Во Куќата на стравот т.е Скопје ЗОО погинаа две Лами од редок вид, за ова од институцијата молчат како и секогаш и навистина сум згрозен од целото ова кое се случува 3 години во нашата Зоолошка градина! Според неофицијалните информации кои ги поседувам, Ламите починале викендов а првичните резултати неофицијално е дека истите починале од туберкулоза! Како се терапирани овие животни и дали, кој ги лекувал и дали ќе покаже патолошкиот наод и истрагата, наведува тој во објавата,


Како што вели, подолго време укажува и апелира дека во Скопје ЗОО нема стручен ветеринар и дека ветеринар е човек кој дo пред година дена беше аниматор за детски родендени.

– Не го спорам неговото образование, но за познавање и искуството се сомневам, а и по се што се случи и сите се сомневаме! До кога? Ќе има ли одговорност? Што е следно и дали е време да конечно престане овој хорор? Ги охрабрувам сите новинари, институции, друштва за заштита да се позанимаваат со ова кое ни се случува во Скопската Зоолошка градина!!!, стои во објавата на Кирков.

Можете да прочитате

Град Скопје започна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух

Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа