Утрински Весник
Македонија

Судијата Ферати нема да биде гонет од Обвинителството за поправените оценки

Ferati.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Одлуката на судијата Ељведин Ферати од Основниот суд во Тетово да изрече казна од само две години затвор за прегазување на девојка која го загуби животот, предизвика бурни реакции во јавноста. Особено поради фактот што на претходното судење за истиот случај, обвинетиот доби 3,5 години затвор.

Дополнителен сомнеж за интегритетот на судијата се јави откако медиумите објавија дека Ферати, додека бил дел од Универзитетот во Тетово, наводно си ги поправил оценките по право. Државниот просветен инспекторат уште минатата година утврди нерегуларности, по што беше отворена и предистрага од страна на скопското јавно обвинителство. Случајот првично беше откриен од Антикорупциската комисија во рамки на ревизија на факултети и дипломи со недоволен број кредити.


Од Обвинителството за,, Слободен печат,, велат дека за наводно „пречкртаните оценки“ што ги имал во своето досие на Државниот универзитет во Тетово, Обвинителството ја прибавило целосната документација за судијата од Правниот факултет при Државниот Универзитет Тетово, и таму ги нашле и пријавите за преполагање.

Можете да прочитате

СДСМ има нова нов тим, нова сила-нова енергија

Најстудено во Берово -6 степени

Одбележувањето на патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје