Утрински Весник
Македонија

Таравари: Со тешки поврети почина 29-годишен пациент во Литванија од пожарот во Кочани

Taravari 1 April.jpeg

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска соопшти дека почина Александар Гавриловски, 29-годишен пациент кој беше тешко повреден во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и беше хоспитализиран во Литванија.

„Во 11 часот почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Станува збор за Александар Гавриловски, кој имаше 29 години. Беше од Градската општа болница упатен во Литванија. Неговата состојба беше тешка од почеток. Од 4 април се влоши повеќе, а од вчера беше ставен на хемодијализа“, изјави Таравари.


Министерот прецизираше и за тежината на повредите што ги имал Александар:
„Имаше 35 отсто изгореници од трет степен, изгореници на дишните патишта – беше еден од најтешките пациенти од тие четири што ги сметавме за критични.“

Со смртта на Александар, бројот на починати меѓу повредените се искачи на два, од вкупно 193 пациенти кои беа третирани по трагедијата. Министерот додаде дека сè уште има двајца пациенти во критична, но засега стабилна состојба.

Александар е третиран повеќе од три недели, но тешките повреди и компликациите на крајот го одзедоа неговиот живот.

Можете да прочитате

Маж со нож се шетал и заканувал по Широк Сокак во Битола – итно е уапсен

Касами: За Таравари нема место во Владата, но делот од Алијанса кој не се согласува со него може да остане

Потребна е итна санација на патот во Галичник откако падна потпорен ѕид пред недела дена