
Улица Македонија (делот од булевар Св Кирил и Метдој до улица Даме Груев) може да се вози со автомобили, а тука од двете страни често има и паркирани автомобили.
Иако има јасно поставен знак за забрането запирање и паркирање, сепак секојдневно има паркирано автомобили.
Денес, според фотогорафија и сведоштво на читател, има паркирано и владини возила, односно „Шкоди“ кои се во сопственост на владината Служба за општи и заеднички работи.
Интересно е што едниот од двата автомобила е паркиран токму под знакот кој забранува запирање и паркирање.
Иако во близина има државни објекти и истите имаат подземен паркинг, очигледно дека за владините возила не важат сообраќајните знаци и правила.