Утрински Весник
Свет

Трамп го покажа златниот билет: Оние кои го имаат ќе останат трајно во САД

Zlatna karta.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп на јавноста и покажа нова „златна карта“ вредна пет милиони долари со сопствен лик, која ќе им овозможи на побогатите мигранти да добијат зелена карта, односно постојан престој во Соединетите Американски Држави.

„За пет милиони долари ова може да биде ваше“, им рече Трамп на новинарите во Ер Форс 1.


„Дали знаете што е овој билет? Тоа е златен билет, билетот за Трамп“, додаде американскиот претседател.

Трамп изјавил дека тој е првиот клиент на картичката, а повеќе копии ќе бидат достапни за помалку од две недели, пренесува „Њусвик“.

Програмата „златна карта“ ќе им овозможи на поединците кои инвестираат 5 милиони долари во американски компании да останат во САД, заменувајќи ја постоечката виза EB-5.

Поддржувачите на оваа мерка на Трамп тврдат дека САД на тој начин би можеле да соберат значителен капитал, додека критичарите сметаат дека приоритет на Вашингтон треба да биде привлекување квалификувани таленти.

„Златната карта“ е дел од пошироките напори за замена на сегашната имигрантска виза за инвеститори EB-5 со нова програма која дава американско државјанство на странски инвеститори во американски фирми.

Според постоечката програма EB-5, апликантите мора да платат помеѓу 100.000 и 200.000 американски долари како такси на американските служби за државјанство и имиграција (USCIS), да инвестираат помеѓу 800.000 и 1 милион американски долари и да создадат најмалку 10 работни места за американски работници.

Можете да прочитате

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата со домувањето, во Валенсија демонстрантите се судрија со полицијата

Американската крајбрежна стража трага по авион со шест лица кој летал од Бермуди до Бостон