Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање

Mickoski 1.jpg

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Беше истакната потребата да се работи на заедничката иднина за граѓаните, како и да се работи на консензус меѓу различните страни за клучните прашања за државата и добробит на сите граѓани.

Во тој контекст неопходно е да се мобилизираат сите напредни поединци и структури кој можат да дадат придонес на патот за развој на земјата.


Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање, при што Мицкоски побара од Филипче да се потруди да биде конструктивен фактор во определбата за промени, реформи и напредок.
„Државата мора да биде во служба на граѓаните, и да се случат коренити реформи на системот од кој граѓаните се незадоволни”, истакна Мицкоски на средбата.

Соговорниците се договорија да се формираат работни групи кои ќе разговараат за реформските законски решенија кои треба да ги гарантираат заложбите за напредок.

Можете да прочитате

Македонија го почнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка

Од првиот министер за одбрана до првороденото дете во независна Македонија – специјално „Отворено студио“ на 4TV

Крвава ноќ во Скопје: Убиен 26-годишник, застрелан на Пластичарска