Утрински Весник
Македонија

Заврши состанокот: АА се двоуми меѓу ВЛЕН и ДУИ – преговорите продолжуваат

Img 6390.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Алијансата за Албанците (АА) ја заврши седницата на Централното претседателство, на која беа разгледани клучни прашања за политичката насока на партијата пред претстојните избори и преговорите за коалиција.

Според извори на порталот ZYRTARE.net, на состанокот сè уште не е донесена конечна одлука дали партијата ќе продолжи со опозициската коалиција ВЛЕН или ќе се насочи кон соработка со ДУИ.


Централното претседателство на АА го поддржа предлогот на пратеничката група за продолжување на преговорите за поделба на општините и подготовка на листите за општинските советници. И покрај неизвесноста околу коалициските партнерства, АА ја нагласи важноста од зачувување на коалицијата ВЛЕН, испраќајќи порака дека главната насока и понатаму останува соработката со партиите од ВЛЕН.

Очекувањата се дека во наредните денови ќе следуваат конкретни одлуки за политичката стратегија на АА во пресрет на изборите.

Можете да прочитате

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk