Утрински Весник
Македонија

Трамп воведе царини за Македонија од 33% – ова е целосна листа

Img 6387.jpeg

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека воведува царини од 33% за производи од Македонија, во рамки на новите глобални трговски мерки. Оваа одлука е дел од стратегијата за реципрочни царини, со која САД имаат за цел да ја заштитат домашната економија и да обезбедат фер трговски услови.

Со оваа мерка, САД ќе воведуваат царини на увозни производи во ист процент како што други земји наплатуваат за американски стоки. Според Трамп, целта е да се обезбеди фер трговија и да се заштитат интересите на американските производители.


„Ако некоја земја ни наплатува 25% царина за нашиот производ, и ние ќе наплатиме 25% за нивниот. Тоа е фер и реципрочно,“ изјави Трамп на прес-конференцијата, нагласувајќи дека ваквата мерка ќе ја зајакне економската независност на САД и ќе создаде нови работни места.

Мерката предизвика бурни реакции на глобалната сцена, при што многу земји изразија загриженост поради потенцијалните трговски тензии. Сепак, Трамп истакна дека е подготвен на преговори за да се постигнат поповолни услови за американските извозници.

Економските експерти предупредуваат дека ваквите царински политики би можеле да предизвикаат контра-мерки од трговските партнери и да ја намалат конкурентноста на американските производи на глобалниот пазар.

Алжир 30%
Оман 10%
Уругвај 10%
Бахамите 10%
Лесото 50%
Украина 10%
Бахреин 10%
Катар 10%
Маурициус 40%
Фиџи 32%
Исланд 10%
Кенија 10%
Лихтенштајн 37%
Гвајана 38%
Хаити 10%
Босна и Херцеговина 35%
Нигерија 14%
Намибија 21%
Брунеи 24%
Боливија 10%
Панама 10%
Венецуела 15%
Северна Македонија 33%
Етиопија 10%
Чана 10%
Земја Американски реципрочни царини
Кина 34%
Европската Унија 20%
Виетнам 46%
Тајван 32%
Јапонија 24%
Индија 26%
Јужна Кореја 25%
Тајланд 36%
Швајцарија 31%
Индонезија 32%
Малезија 24%
Камбоџа 49%
Обединетото Кралство 10%
Јужна Африка 30%
Бразил 10%
Бангладеш 37%
Сингапур 10%
Израел 17%
Филипини 17%
Чиле 10%
Австралија 10%
Пакистан 29%
Турција 10%
Шри Ланка 44%
Колумбија 10%
Земја Американски реципрочни царини
Перу 10%
Никарагва 18%
Норвешка 15%
Костарика 10%
Јордан 20%
Доминиканска Република 10%
Обединетите Арапски Емирати 10%
Нов Зеланд 10%
Аргентина 10%
Еквадор 10%
Гватемала 10%
Хондурас 10%
Мадагаскар 47%
Мјанмар (Бурма) 44%
Тунис 28%
Казахстан 27%
Србија 37%
Египет 10%
Саудиска Арабија 10%
Ел Салвадор 10%
Брегот на Слоновата Коска 21%
Лаос 48%
Боцвана 37%
Тринидад и Тобаго 10%
Мароко 10%

Можете да прочитате

Јанев: Без морал и срам – Краделе од оние што навистина имаат потреба

Османи: Ако годинава имаме избори, следните четири години може да бидат нашиот прв реформски прозорец кон ЕУ

Ристески: Мерките со ограничени маржи на производите кои истекуваат на 30 април дадоа ефекти