Утрински Весник
Свет

Разбиена масовна педофилска мрежа, приведени 79 лица

Screenshot 2025 04 02 152531.png

Инспектори од повеќе од 30 земји разбиле огромна педофилска мрежа со речиси два милиони корисници ширум светот и уапсиле 79 лица, соопшти денеска полициската агенција на ЕУ, Европол.

Како што пренесе ДПА, 79-те лица не само што се осомничени дека гледале или преземале видеа со сексуална злоупотреба на деца, туку и некои од нив се осомничени дека активно учествувале во злоставување.


Платформата, позната како Кидфликс, била отстранета од интернет под раководство на властите во Баварија.

Според Европол, ова била една од најголемите светски педофилски мрежи и ја означува најобемната операција против сексуална злоупотреба на деца во Европа досега.

Можете да прочитате

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

Багеи: ЕУ е лицемерна кога го обвинува Иран за правото на самоодбрана од американската агресија

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“