Утрински Весник
Македонија

Два месеца е исчезнат Миле Тодоров, неговите блиски со апел

Img 6103.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Два месеци откако мистериозно исчезна 28 годишниот неготинчанец Миле Тодоров, негови блиски молат за помош за негово пронаоѓање и бараат случајот да не се заборави.

– Точно два месеца поминати од исчезнувањето. Не сакаме ние како семејство на Миле, неговото исчезнување да биде заборавено и ставено во фиока, како предмет на расчистен случај. Ги замолуваме јавно надлежните институции и медиумите да се расветли случајот што поскоро, апелираа денеска и негови блиски преку објави на Фејсбук. 


Тодоров последен пат бил виден во Марена во јануари околу 10:30 часот носејќи работничко одело со бело палто и црн елек. Претпоставка е дека пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари