Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плати

Brane Petrushevski 30.03.2025.jpg

ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плата, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според информациите кои дојдоа до нас од свиркачи во ССМ, покрај Слободан Трендафилов и Трпе Деановски, со енормни примања е и генералниот секретар на УПОЗ.


Според информации кои ги добивме генералниот секретар на УПОЗ, додека ги лаже работниците со минимална плата, покрај платата од скоро 80.000 денари, има и примања по други основи и договори на дело, со што годишните примања му надминале 1 милион денари.

Ова се синдикалците на батерии, кои го лажат народот и работниците, затоа што треба да одработат за СДС, кои ги поставија на овие позиции спротивно на сите прописи“, потенцира Петрушевски.

Битката на Слободан Трендафилов и неколкумината околу него е за позициите кои ги држат, парите кои ги земаат и што треба тоа да одработат. Прочитани се, додаде во изјавата Петрушевски.

Можете да прочитате

Крвав настан во Велес: Двојно убиство завршено со самоубиство

Универзална сала ќе се гради од октомври со 1 200 седишта и инвестиција од 20 милиони евра

По неколкумесечна борба, Сојузот на стопански комори доби нов претседател