Утрински Весник
Скопје

Радосна вест: Ново бебе гибон во Скопје ЗОО

486838671 1056360779859922 3549141268949267153 N.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пролетта донесе нова радост во скопската зоолошка градина – семејството на белораките гибони е збогатено со уште едно младенче, соопштија од ЗОО Скопје.

„Софи и Делфина добија братче или сестричка, а нашето ново бебе гибонче постојано е во прегратките на мајката. Фотографијата е направена оддалеку за да не ги ставаме во стресна состојба“, истакнаа од зоолошката.


Според нив, напредокот на новороденчето е под постојан надзор на зоонегувателите. Белоракиот гибон е екстремно загрозен вид со потекло од Индонезија. Бременоста кај овие примати трае шест месеци, а обично се раѓа само едно младенче, кое останува врзано со мајката најмалку две години. Потполната зрелост ја достигнува на осумгодишна возраст.

„Во светот се помалку се раѓаат единки од овој вид, а во Скопје ЗОО ова е трето бебе во последните шест години“, додаваат од зоолошката градина.

Можете да прочитате

Додека Скопје се гуши од загаден воздух, врват криминални тендери, велат од СДСМ

Маглата го отежнува сообраќајот на Аеродром Скопје – откажани 20 летови

Завршена целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје