Утрински Весник
Свет

Кралот Чарлс хоспитализиран поради несакани ефекти од лекувањето на ракот

Carls.jpg

Кралот Чарлс е хоспитализиран откако доживеал привремени несакани последици од лекувањето на ракот, потврди Бакингемската палата.

Нема информација за какви несакани ефекти се работи, но Бакингемската палата го опиша неговото згрижување како помал проблем и додаде дека неговото лекување оди во вистинска насока. Британските медиуми јавуваат дека кралицата Камила не била видена со него во болница. Тој е вратен во Кларенс хаус.


Докторите го советувале кралот да ги откаже сите закажани ангажмани за следниов период, што тој го направил и им се извини на соработниците.

Чарлс Трети во февруари лани објави дека боледува од рак по операцијата за зголемена простата.

Во октомври, тој накратко го прекина лекувањето додека беше во 11-дневна кралска посета на Австралија со кралицата Камила.

Можете да прочитате

Вакцинација против мали сипаници во Бангладеш – причина за смрт на 100 лица

Доналд Трамп го одби предлогот за примирје со Иран

Иран подготвува одговор на предлог договорот – актуелниот „во никој случај не е прифатлив“