Утрински Весник
Свет

Прогласена вонредна состојба во Бангкок, десетици заробени под урнатините на облакодер

Screenshot 2025 03 28 092740.jpg

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт. Стотици луѓе од тајландската престолнина Бангкок во паника излегоа од зградите кога почувствуваа дека земјата се тресе, јавува „Ројтерс“.

Облакодер во изградба во Бангкок се урна за време на земјотресот, соопшти полицијата. На социјалните мрежи кружат драматични снимки на кои се гледа како облакодер со градежен кран на врвот се урива во облак од прашина. Полицијата изјави за АП дека се на самото место, во близина на популарниот пазар „Чатучак“ во Бангкок.


Службите за итни случаи известија дека 50 лица се наоѓаат во зградата што се урна во паркот „Чатучак“ во Бангкок. Националниот институт за итна медицина соопшти дека 43 лица се заробени во зградата, а други седум се повредени.

Тајландскиот премиер Паетонгтарн Шинаватра прогласи вонредна состојба во Бангкок.

Можете да прочитате

Масовните отпуштања насочени кон 10.000 работни места ги погодија американските здравствени агенции

Пентагон: Нова воздушна поддршка за заштита на трговските рути во Црвеното Море

Две девојчиња и нивната баба со часови заробени под урнатините во Мјанмар, ја снимиле агонијата низ која минале: таткото мислел дека се мртви