Утрински Весник
Македонија

Крива Река отруена со олово, арсен и цијанид од „Тораница“, реката добила сива боја

11 11.jpg

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски за денес свика прес-конференција за да објасни за цијанидот кој вчера истекол во Крива Река.

Станува збор за истекување од рудникот „Торадница-булмак“, еден од најголемите рудници за олово и цинк.


„Ве покануваме на прес-конференција на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски по повод хаваријата т.е.инцидентот со излевање на опасна течност од рудникот “Тоарница-Булмак“ во водите на Крива Река, што се случи на 14 март и што предизвика големо заматување и загадување на водата, како и презентација на пристигнатите анализи од мострите земени од водите на Крива Река“, стои во соопштението на Крива Паланка.

Алармот се вклучил откако реката добила сива боја.

Можете да прочитате

Пожарот во близина на Самоков е изгаснат – фабриката е целосно безбедна

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група