Утрински Весник
Македонија

Муртезани и Рокас ќе презентираат мерки и активности од Планот за раст и Реформската агенда

20250327164435 Big 730x400 77.webp.webp

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, денеска во 11 часот ќе презентираат мерки од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија.

На презентацијата во Медија центарот на Владата ќе бидат претставени конкретните активности од Реформската агенда, како и Планот за комуникација и видливост на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024 – 2027 на Северна Македонија.


Целта, како што наведуваат од Министерството за европски прашања, е да се приближи евроинтегративниот процес до граѓаните и да се поттикне нивното активно учество во процесот на реформи. 

Можете да прочитате

Голем пожар во Шуто Оризари, изгореле неколку дуќани

ВМРО-ДПМНЕ: Врховниот суд ја укина пресудата за Ласкарци и Стевчо излегува на слобода – сè што треба да знаете за судството под контрола на СДС и ДУИ, со 2 отсто доверба

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите