Утрински Весник
Македонија

Иако со години се алармираше за состојбата, по инспекцијата дури сега прилепскиот театар доби забрана за работа

Teatar.jpg
Dik 300x250 mk

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и неправилностите на објектот.

Забраната е од инспекцијата на Дирекцијата за заштита и спасување која направи контрола на објектот на барање на Центарот за култура „Марко Цепенков“, на раководството на театарот, а потоа и на Министерството за култура и туризам.


Од театарот рекоа дека тоа значи дека овој објект на неопределено време се става надвор од употреба за секаков вид на официјални театарски поставки, настани и случувања кои подразбираат масовно присуство на публика во организација на самиот театар.

„Следствено, тоа подразбира дека сите премиери, театарски постави и други слични настани од масовен карактер се одложуваат на неодредено време. Прилепскиот театар, во очекување на официјалната формална писмена забрана за јавни настани од масовен карактер на публика, ја известува јавноста дека тековните активности за подготовки на претстојни премиери, како и актуелните проби на актерскиот ансамбл, остануваат во редовно дејство и ангажман“ стои во објаснувањето од театарот.

Медиумите многу пати до сега алармираа за условите и состојбата во која се наоѓа овој театар. Испукани и мувлосани ѕидови и тавани, глувци, промаја дува од сите страни во сите простории, смрдеа, вода тече во скоро сите простории и од таванот и од прозорцитте кога врне, во гримиорните актерите ја покриваат облеката со најлони за да не им накисне. Условите се за неверување како можел да функционира еден театар во 21 век.

До кабината за светло и тон се влегува преку женскиот тоалет. А за да стигнете до неа прво се поминува по импровизирани и крајно небезбедни скали. А горе ќе ве пречека вистински шок. Сцена како од хорор филм, а не пак просторија каде работат луѓе. Целиот покрив може да се урне во секој момент, објавија медиумите пред краток период.

Секоја македонска Влада и секоја партија досега ветува нов театар во Прилеп, но никоја не го оствари ова ветување, па сега го затворија театарот.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!