Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Селективна правда не е правда, зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата?

Sdsm 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна истрага која ќе го утврди целиот синџир на одговорност. 


Секој за кој што ќе се утврди дека има одговорност – без разлика дали се работи за поранешен или актуелен функционер – мора да одговара пред лицето на правдата.

Сепак, со загриженост гледаме на досегашниот тек на истрагата. Сите анализи упатуваат на впечаток дека досегашниот тек на истргата е селективна и насочена исклучиво кон поранешни функционери и службеници. 

Досега, ниту еден актуелен функционер не е опфатен, иако трагедијата се случи токму во време кога тие биле на одговорни позиции.

Селективна правда не е правда. Зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани?

Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на ДПИ се опфатени со истрагата поради наводно непостапување. Но, логично се наметнува прашањето: зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски, не е дел од истрагата? Зарем не е должен да одговори за надлежностите на ДПИ и работата на инспекциските служби пред и во моментот на трагедијата?

Дополнително, зошто не се испитуваат одговорните лица кои биле на позиции од МВР, односно командирите, инспекторите и раководството на ОВР Кочани и СВР Штип, кои по закон биле обврзани да го обезбедат настанот? 

Како е можно да се игнорираат оние кои вечерта биле на дежурство, на позиција и со законска обврска да дејствуваат – но не го сториле тоа?

Нема одговори на прашањата дали е точно дека сите седум приведени вработени во МВР не биле на функции во ноќта на трагедијата?

Овие прашања се легитимни и надлежните институции – Јавното обвинителство и МВР не смеат да молчат. 

Вистинска правда не може да има без целосна и неселективна истрага.

Можете да прочитате

Сообраќајот без застои, магла кај Демир Капија

Наутро магла, сончево со умерена облачност преку ден

ЕУ останува посветена на постепената интеграција на Северна Македонија во својот внатрешен пазар