Утрински Весник
Македонија

Презентација на наоди од работата на институциите и регулаторното тело во аудиовизуелните медиумски услуги

Press.webp.webp

Центарот за развој на медиуми денеска организира панел-дискусија на која ќе бидат претставени наодите од мониторингот на работата на носителите на одлуки и регулаторните тела во областа на аудиовизуелните медиумски услуги во 2025 година. 

-Центарот за развој на медиуми континуирано ги следи активностите на носителите на одлуки во областа на аудиовизуелните медиумски услуги и медиумите воопшто, првенствено Министерството за дигитална трансформација, како и регулаторните тела во областа на аудиовизуелните медиумски услуги, односно Советот на АВМУ и Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис МРТ. Наодите од мониторингот се објавуваат во квартални извештаи, што се објавуваат на интернет страната на Центарот за развој на медиуми, www.mdc.org.mk, заедно со препораки за надминување на утврдените недостатоци и проблеми, информираат од Центар за развој на медиуми.


Мониторингот се спроведува со помош на институционалниот грант од Европскиот фонд за демократија (European Endowment for Democracy – EED).

Како што најавуваат организаторите, на панел-дискусијата ќе се обратат Столе Наумов од Канал 77 радио, Петрит Сарачини од Институт за медиуми и аналитика и Дејан Георгиевски од Центар за развој на медиуми.

Можете да прочитате

Срам ми е од Карпош каков што е денес вели Јакимовски

Николоски: Судството и обвинителството целосно потфрлаат

National Geographic ја издвојува Македонија како најдобра дестинација за гастрономија на Балканот