Утрински Весник
Македонија

Денеска протест во Кочани: Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест

12 8.jpg

По трагичниот настан во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија над 59 лица, а над 100 се хоспитализирани, на социјалните мрежи се шири повик за протест. Тој е закажан во 13 часот во Градскиот парк во Кочани .

„Граѓаните бараат конкретни промени. Ќе се борат за за град без партиски вработувања, за институции кои функционираат, за полиција која е тука за нас, за инспекциски служби кои ќе ги вршат своите обврски, за јавни простори кои ќе бидат безбедни и чисти. Протестот е за правдата, за секој од нас, за секоја жртва која што ја изгубивме и за сите нас кои го живееме овој град секој ден. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој не обезбедува сигурност, благосостојба и праведност“, стои во објавата на Фејсбук профилот Кочани.


Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски