Утрински Весник
Македонија

Заеднички час за искажување на почит од студентите на УКИМ по повод трагедијата во Кочани

20250316194331 Big 730x400 42.webp.webp

Студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) најавија дека почнувајќи од денеска (понеделник) па сè до 21 март (петок) секој ден во 12 часот ќе организираат собири за да искажат сочувство за жртвите и поддршка за повредените во пожарот во Кочани.

Денешниот собир ќе се одржи на платото пред општествениот кампус на УКИМ. Тие ги поканија сите заинтерсирани да се придружат на заедничкиот час и најавија дека ќе има простор каде ќе можат да се запалат свеќи, да се остави цвеќе и да се искаже тага во книга на жалост.


„Воедно, ве известуваме дека заедничката настава и собирите на студентите ќе продолжат сѐ до 21 март 2025 година, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ“, соопшти Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

Можете да прочитате

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш

Мицкоски: Бугарија станува прибежиште за криминалци – случајот со Ива Михаилова ќе го отвориме пред НАТО и ЕУ

Треновски: Не очекувајте големо поевтинување на становите, но цените може да стагнираат