Утрински Весник
Свет

Германија објави нацрт-закон за нов финансиски пакет од 500 милијарди евра

Germanija Rabotnici 5 1068x580 1.jpg

Германската влада го објави нацрт-законот за планираниот финансиски пакет вреден 500 милијарди евра, кој ќе биде насочен кон одбрана, инфраструктура и климатска неутралност, објави ДПА.

Според документот, договорен од коалицијата што ја предводи идниот канцелар Фридрих Мерц, ќе се ублажи уставното ограничување за задолжување, познато како „должничка кочница“. Ова ќе овозможи средства не само за воени трошоци, туку и за сајбер-безбедност, разузнавачки служби и помош за држави-жртви на агресија.


Од пакетот, 100 милијарди евра ќе бидат додадени на постојниот фонд за климатска транзиција, а во германскиот Устав ќе биде вметнат поимот „климатска неутралност до 2045 година“.

Парламентарниот буџетски комитет ќе ги разгледа измените утре, а конечната одлука се очекува на седницата на Бундестагот во вторник.

Можете да прочитате

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци

Францускиот премиер предлага укинување на два државни празника за намалување на долгот