Утрински Весник
Македонија

„Ќе им се случи народ, а јас ќе бидам прв на улица“ – Мицкоски најави протести против членовите на Судски совет

Mickoski.webp.webp

На новинарско прашање што ако и понатаму членовите на Судски совет одбиваат да се повлечат по излгласаната интерпелација, премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ кажа дека „народот ќе излезе на протести“ и дека тој прв ќе им се приклучи.

„Ќе им се случи народ. Ќе излезе народ на улица и ќе протестира. Народот е гладен и жеден за правда. Замислете, вие имате доверба кај граѓаните помала од два проценти, ве разрешуваат и вие не си заминувате и ќе им се случи народ. Нема играње со тие работи, прв ќе биде кој ќе застане да го води народот. Еве јас ви ветувам дека тоа ќе се случи.“ кажа Мицкоски во интервјуто.


Иако Собранието донесе одлука за отповикување на членовите на Судски совет таа сепак не е обврзувачка за истите.

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите