Утрински Весник
Македонија

Договорена брза енергетска соработка меѓу Македонија и Чешка

Bozinovska.jpg
Dik 300x250 mk

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага одржа работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, и директорот за нови онологии, Јан Прашил. Разговорите беа фокусирани на конкретни инвестиции во македонскиот енергетски сектор, модернизација на капацитетите на АД ЕСМ и можностите за финансирање на капитални проекти од страна на чешката влада.

Министерката Божиновска истакна дека македонската влада е посветена на стратешко партнерство со Чешка и на реализација на проекти што ќе ја забрзаат транзицијата кон одржлива енергетика.


„Во Чешка имаме стабилен партнер кој не само што има интерес, туку и конкретна подготвеност да поддржи инвестиции во македонскиот енергетски сектор. Разговаравме за директни вложувања, како и за можности за поволно финансирање на големи инфраструктурни проекти со чешки компании. Модернизацијата на капацитетите на АД ЕСМ е еден од приоритетите, а токму во овој сегмент чешките компании имаат сериозен капацитет и експертиза“, изјави министерката Божиновска.

Од чешка страна беше истакната подготвеноста за долгорочна поддршка, не само преку инвестиции, туку и преку финансиски инструменти што ќе обезбедат поволни услови за реализација на проектите. Директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, потенцираше дека Чешка гледа конкретни можности за стратешка соработка.

„Чешката влада е подготвена да поддржи македонски енергетски проекти преку инвестиции и поволни финансиски механизми. Особено сме заинтересирани за соработка во делот на модернизацијата на енергетските капацитети и имплементацијата на нови технологии кои ќе придонесат за стабилност и одржливост“, изјави Мурицки.

Директорот за финансии на АД ЕСМ, Иван Стојановски, нагласи дека новиот инвестициски циклус во обновливи извори е клучен за забрзување на зелената енергетска трансформација.

„За нас е исклучително важно да обезбедиме соработка со искусни партнери како Чешка, кои можат да помогнат во имплементацијата на одржливи технологии и да овозможат стабилни финансиски услови за нашите инвестиции“, рече Стојановски.

Состанокот во Прага отвори конкретни можности за продлабочување на енергетската соработка меѓу Македонија и Чешка, со акцент на инвестициските механизми што ќе го поттикнат развојот на енергетските капацитети и зелената транзиција.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман