Утрински Весник
Македонија

Не наседнувајте на лажни понуди од „Wolt“ – Компанијата предупредува на измами

Screenshot 20250311 200717 Gallery.jpg

„Wolt“ Македонија информираше за лажни мејлови кои се испраќаат на корисниците, во кои се наведува дека тие се меѓу првите 1.000 корисници кои ќе добијат бесплатна испорака до крајот на годината. Сепак, компанијата ја демантираше оваа информација и предупреди на можни измами.

„Оваа понуда не е организирана ниту поддржана од „Wolt“ Македонија. Станува збор за злонамерна измама која ги користи нашето име и бренд. Секој кој примил ваков мејл треба да биде внимателен и да не ја отвара понудата“, изјавија од компанијата.


Како што истакнаа од „Wolt“, компанијата ќе преземе сите потребни правни мерки за да ги спречи понатамошните измами.

„Ќе поднесеме извештај до Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи и ќе соработуваме со надлежните институции за да спречиме слични инциденти во иднина“, додаваат од компанијата.

Од „Wolt“ Македонија исто така ја потсетуваат јавноста дека сите анонимни пријави за сомнителни инциденти можат да бидат испратени преку официјалните канали на компанијата.

Можете да прочитате

Охрид и Поградец заеднички ќе се борат против пожарите

Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер

Јанев лично во Кочани: Проверува како Лазов избега од полициската станица – Секој пропуст ќе биде санкциониран