Утрински Весник
Македонија

Во Велес и во Башино Село денеска и утре симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите

20240917180515 Big 730x400 40.webp.webp

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – (FAO), денеска и утре ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи денеска во Велес, а теренскиот утре во село Башино село.

Од АХВ го информираат локалното население дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба која ќе се реализира по однапред утврдено сценарио и ќе опфати активности кои би се презеле во случај на појава на болеста. Целта на симулациската вежба, се посочува во соопштението, е утврдување на добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите.


На вежбата ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија. 

Можете да прочитате

СДСМ; Клинчаров бил главен поддржувач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ОЈО да постапи

Манев за Палчо: Ни ветуваше 150 илјади евра, но потоа рече нема да бидат толку

Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот