Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Цените растат, власта се луксузира и одбива да ги покачи платите на работниците

B Kuzeska Sdsm 2.jpg

Ситуацијата на терен покажува дека владините политики со замрзнување на маржите не даваат апсолутно никаков ефект. Нема ниту жестока контрола, како што најави премиерот Мицковски дека ќе се случува, и дека со тоа ќе ги заштити граѓаните. Она што го гледаме, е, не дека цените се намалуваат, туку напротив, има поскапување на цените. За да бидеме прецизни, нашата контрола на терен покажа кои цени на кои производи, најосновните, се покачени.

Јајцата на пример се покачени на околу 100 денари, а има и до 140 денари, за едно пакување. Сите знаеме дека јајцата беа од 75 до 85 денари.


Јогуртот со 3,2 масленост, е од 72 денари па нагоре. Млекото исто така е поскапено и се движи од 70 до 80 денари. Сирењето, е поскапено, се продава од 440 денари до 650 денари. Кашкавалот веќе станува луксуз за граѓаните, и е поскапен, речиси да нема кашкавал под 600 денари. Шеќерот е поскапен, килограм се продава за 57 денари.

Сето ова ја покажува негрижата на власта за животниот стандард на граѓаните. И згора на се, не само што нивните политики за намалување, односно за заштита на граѓаните, нивните проекти за кои мислат дека ќе донесат некаков ефект, немаат никаков резултат, туку и одбиваат покачување на 500 евра плата. Одбиваат да соработуваат, да имаа социјален дијалог и да ги покачат платите на работниците.

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка

Можете да прочитате

И Васко Ковачевски и други 10 лица опфатени со денешната истрага за нелегална набавка на деривати

На барање на СДСМ ќе се одржи јавна расправа за Концепцијата за гимназиско образование

Давкова во официјална посета на Република Азербејџан