Утрински Весник
Македонија

Панел-дискусија „(Fe)male Effect: Her Story, Her Path, Her Power“ во Јуроп хаус Скопје

20250309161424 Big 730x400 30.webp.webp

По повод Меѓународниот ден на жената, панел-дискусија насловена „(Fe)male Effect: Her Story, Her Path, Her Power“, ќе се одржи денеска напладне во Јуроп хаус Скопје.

Форумот ќе го отвори Михалис Рокас, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, а говорнички се Кристина Василатоу заменик-шеф на мисија во Амбасадата на Грција во Скопје, професорката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ д-р Маја Бојаџиевска, Драгана Стикова ко-основач и директор на фондацијата „Кантарот“ и менаџер на платформата „Наука за деца“ и  Маргарита Арсова  културен продуцент и проектен менаџер во Младинскиот културен центар (МКЦ).


-Настанот ќе отвори важни теми за предизвиците со кои се соочуваат жените кои својот професионален живот го посветиле на образованието, науката и културата и со својата работа и ангажман го менуваат општеството, стои во најавата. 

Настанот е наменет за средношколки и студентки кои за време на интерактивната сесија ќе имаат можност да се вклучат во дискусија и да поставуваат прашања, се наведува во соопштението. 

Можете да прочитате

Од пациентка побарале 3.000 евра за итна операција на сопругот, сведоштво на трибина во Куманово

Малолетник тешко повреден по удар од автомобил

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја “пие” водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој