Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Нови 20 милиони евра од САД за македонската одбрана, Америка максимално нè поддржува

Misajlovski.webp.webp
Dik 300x250 mk

Со САД склучивме 6 нови договори за повеќе од 20 милиони евра, од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на САД, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски, за Гласот на Америка.

-Сега е најдобро да се разговара за мир, а не за нови пакети со коишто би ѝ се помогнало на Украина – вели Мисајловски.


Тој додава дека, поради стар долг, Украина лани извлекла околу 2 милиона евра од македонското министерство за одбрана.

-Ако некоја земја навистина максимално и целосно нè поддржува, тоа е Америка. Со САД склучивме 6 нови договори за повеќе од 20 милиони евра од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на САД, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

До крајот на годината треба да стигнат 96 возила JLTV.

Исто така и возилата „страјкер“ за кои имавме најава дека ќе стигнат и побргу од договореното. За нашата армија тоа е навистина одлично нешто и ќе имаме можеби најдобри оклопни возила, вели министерот за одбрана.

Можете да прочитате

Кичевчанец ограбен во близина на наплатната рампа „Миладиновци”

По расправија за сообраќајка на Бит Пазар повреден е скопјанец со остар предмет

Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет