Утрински Весник
Свет

Претседателот на Долниот дом на рускиот парламент: Имаме добри причини да гo заплениме британскиoт имот во Русија

Ruska Duma.webp.webp

Претседателот на долниот дом на Русија (Државната Дума) сугерираше дека британскиот имот во Русија би можел да бидат запленет, откако Обединетото Кралство претстави заем од 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната на Украина, кој ќе се финансира со профит од замрзнатите руски средства.

„Англискиот трансфер на средства во сопственост на Русија во Украина е грубо кршење на меѓународното право. Тие ќе мора да ѝ го вратат на Русија она што сега толку великодушно го споделуваат“, рече Вјачеслав Володин, преенесе новинската агенција Интерфакс.


Володин додава дека британските акции значат дека „довербата во британскиот финансиски систем засекогаш ќе биде поткопана“.

„Сега нашата земја има добри причини да одговори на сличен начин и да заплени британски имот во нашата земја“, заклучи Володин.

Г7 се согласи во јуни 2024 година да користи замрзнати руски средства за да собере 50 милијарди долари за Украина за да и помогне во борбата против инвазијата.

Можете да прочитате

Автомобил експлодира на аеродром во Лондон: Блокирани терминали, одложени неколку летови

Русија и САД побараа итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации

Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада