Утрински Весник
Македонија

Левица предлага двојно зголемување на породилното отсуство

Bebe.webp.webp

Портпаролот на политичката партија Левица и пратеник во Собранието, Амар Мециновиќ, денеска на прес – конференција информира дека пратеничката група на Левица поднела измени на Законот за работни односи со цел зголемување на породилното отсуство.

– Левица предлага зголемување на породилното отсуство на мајките од девет на осумнаесет месеци. Ова е една од мерките која нам ни е многу важна и е дел од нашата програма за која сметаме дека ќе наиде на слух кај владејачкото мнозинство ако земеме во предвид дека ВМРО-ДПМНЕ пред седум години предложи сличен закон, истакна Мециновиќ.


Целта на трите измени во ЗРО кои ги поднесуваат е подобрување на социјалната и економската заштита на мајките и семејствата во Република Македонија.

– Предлог-законот што го поднесуваме предвидува продолжување на платеното породилно отсуство од сегашните девет до петнаесет месеци, зависи од ситуацијата, на осумнаесет месеци непрекинато за било која можна ситуација. Без разлика дали е случај со едно дете, со повеќе деца или со посвојување, рече портпаролот на Левица.

Тој додаде дека ова има за цел да овозможи на мајките физичко закрепнување и градење здрава врска со нивните деца, без страв од финансиска несигурност или губење на работното место.

Можете да прочитате

Македонскиот филм „Лена и Владимир“ освои награда во Седона

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава

Левица: Странска приватна компанија ќе профитира од лекувањето на македонски граѓани во македонски државни клиники