Утрински Весник
Свет

Европската ракета лансираше шпионски сателит

01237abd A60d 4c76 863c A0787aefaa12.jpg

Нова европска ракета Ariane 6 вчера успешно лансираше француски шпионски сателит на својата прва целосно оперативна мисија, означувајќи го враќањето на Европа во вселената во време кога континентот се соочува со прашања за неговата улога во контекст на безбедносните тензии со САД.

Ракета без екипаж полета од Европскиот вселенски центар во Француска Гвајана. Ariane 6 беше произведен од ArianeGroup, во косопственост на Airbus и Safran.


Лансирањето донесе симболичен поттик на европските напори за поголема стратешка автономија. Сепак, капацитетот за лансирање на овие ракети сè уште е далеку зад оној на американскиот конкурент SpaceX.

„Ја консолидираме нашата независност во пристапот до вселената и придонесуваме за обезбедување на суверенитет во име на нашите граѓани“, рече Дејвид Кавајолес, извршен директор на операторот за лансирање Arianespace.

Во 2014 година, европските земји се согласија да ја развијат ракетата Ariane 6 за комерцијални и институционални мисии како одговор на зголемената конкуренција. Сепак, планираното лансирање во 2020 година беше одложено неколку пати.

Европа беше принудена да се потпре на SpaceX на Илон Маск за некои мисии, кои вклучуваа дел од европскиот систем за сателитска навигација Галилео.

Можете да прочитате

Во близина на брегот на Либија спасени 25 мигранти

Одбиена е кандидатурата на Георгеску на романските претседателски избори

Маск со повик САД итно да излезат од НАТО