Утрински Весник
Македонија

Вечерва изгаснат голем пожар кај Ракотинци: Зафатени 10 хектари шума

Img 4532.jpeg
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на Општина Сопиште соопшти дека пожарот што денеска околу 14 часот се прошири од Дрисла кон атарот на село Ракотинци, е успешно изгаснат. Огнот зафати околу 10 хектари нискостеблеста и борова шума, предизвикувајќи материјална штета, но, за среќа, нема други сериозни последици.

По добивањето на известувањето, екипи од противпожарното друштво на Општина Сопиште, заедно со Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, веднаш реагираа и се вклучија во гасењето. Акцијата траеше речиси шест часа, а благодарение на брзата и координирана интервенција, пожарот беше успешно локализиран и спречено е негово понатамошно ширење.


Причините за избувнувањето на пожарот засега остануваат непознати, а надлежните институции работат на нивно утврдување.

„Од име на Општина Сопиште и од мое лично име, изразувам искрена благодарност до сите кои беа вклучени во справувањето со пожарот и вложија големи напори за негово локализирање“, порача градоначалникот.

Можете да прочитате

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Попладнево голема полициска во ИПАРД Агенцијата

АВМУ: 562 часа платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од кампањата за Локалните избори