Утрински Весник
Свет

САД се повлекуваат од планот за намалување на употребата на јаглен во земјите во развој

Ww 6.webp.webp

Соединетите Американски Држави се повлекуваат од Партнерството за транзиција на праведна енергија (JETP), според кое побогатите земји се обидуваат да им помогнат на земјите во развој да преминат од јаглен кон почисти извори на енергија, рекоа неколку извори во клучните земји-учеснички.

Во Виетнам, двајца странски претставници запознаени со ова прашање изјавија дека САД се повлекуваат од JETР во таа земја, а еден рече дека САД се повлекуваат од сите програми на JETP, вклучително и во Индонезија.


Друг информиран извор рече дека САД се повлекле од JETP во Индонезија и Јужна Африка.

„САД не информираа за нивното повлекување“, рече друг јужноафрикански извор од донаторската група.

„И натаму постојат значајни финансиски срредства и Меѓународната партнерска група останува целосно посветена на поддршката на Јужна Африка во постигнувањето на нејзината праведна енергетска транзиција преку партнерство“, рече изворот.

Откако претседателот Доналд Трамп се врати на функцијата во јануари, Вашингтон ја намали странската помош и се залага за употреба на фосилни горива.

Американските ветувања за Индонезија и Виетнам изнесуваат повеќе од три милијарди американски долари, главно во форма на комерцијални заеми, а за Јужна Африка 1,063 милијарди долари од вкупно 11,6 милијарди долари колку што и е ветено на таа земја.

Можете да прочитате

Орбан му напиша на шефот на Европскиот совет: „Мораме директно да преговараме со Русија“

Разорени куќи, уништени возила: како изгледа селото во Јужна Кореја каде воен авион случајно фрлил бомби

Ирански пејач осуден на 74 удари со камшик: „Тоа е одмазда за неговата поддршка за жените“