Утрински Весник
Македонија

Почна повтореното судење на Мерко за злоупотреба на службената должност

Merko 3 2.jpg
Dik 300x250 mk

Започна главната расправа на судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра и уште три други автомобили во Струшкиот суд.

Судот не го прифати предлогот за релативна застареност, бидејќи настанал прекин и судењето започна одново. Одлука за неприфаќање на приговорот за застареност на кривичното гонење претходно донесе и судијката Надица Митреска, која постапуваше по предметот. Поради прекин на рокот на застареност, сега апсолутната застареност на делото е во 2028 година.


Ревизорката Наде Бојаџиеска од Државниот завод за ревизија изјави дека според направената ревизија на Општината за 2018, нема незаконитости во постапката за набавка на возилото.

За луксузниот автомобил „ауди А6“ и три други возила од општинскиот буџет беа потрошени 114.000 евра. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал го гони струшкиот градоначалник за злоупотреба на службената положба, бидејќи спротивно на начелата на законитост и спротивно на јавниот интерес во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, набавил четири моторни возила, со што го оштетил буџетот.

Можете да прочитате

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

Јани Бојаџи за „Утре наутро“: Филмот е инспириран од фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа

Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена