Утрински Весник
Македонија

Во домот на Боре Видески биле пронајдени ловечка пушка и куршуми за пиштол, но не и пиштолот

Vanja Gjorcevska Pance Zezovski 960x552 1 1.jpg

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска со испитување на сведокот Стојан Кујунџиевски на предлог на обвинетиот Љупчо Палевски, продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кујунџиески рече дека при претресот кај сопругата на Боре Видески пронајдени се ловечка пушка и куршуми за пиштол, но не и пиштолот.

Сведокот сведочеше дека заедно со колегите од СВР Велес вршеле потрага по исчезнатиот Жежовски и дека по добивање на првичните сознанија била извршена потрага на теренот во Велес со цел лоцирање на лицето. Беа прегледани видео записи од влезовите и излезите на Велес.


Посочи дека констатираше две лица во возило „рено кангу“ и едно лице во „цитроен“, но не даде одговор на прашањето како биле облечени, бидејќи, како што рече, камерите ги гледал многу одамна.

При испрашување за одземените предмети од претресот кај Јасминка Видевска, сопруга на Видевски, тој потврди дека се пронајдени ловечка пушка, патрони и куршуми девет милиметри за пиштол.

Предметите се предмет на управна постапка за одземање на оружје и истите се предадени во магацин на СВР Велес на чување, рече тој, додавајќи дека документите за одземените предмети биле ставени на увид на СВР Скопје.

При претресот кај Видевски, како што рече, не бил лично присутен и не може да каже што се случувало таму. – Дополнително, јас немав никаков контакт со Боре Видевски, за да го прашам каде е пиштолот, рече тој.

Прашан зошто не ја известил обвинителката Славица Темелковски за недостасувањето на оружјето, Кујунџиевски рече дека обвинителката била известена усно дека недостасува пиштол.

Судењето продолжи со читање на материјални докази од страна на одбраната на Палевски.

Можете да прочитате

Вечерва изгаснат голем пожар кај Ракотинци: Зафатени 10 хектари шума

Коцевски го примил предлогот за разрешување

Филипче: Владата ги излажа работниците – ветуваа покачување на плати, но ништо не прават