Утрински Весник
Македонија

Утрово најстудено во Берово, во текот на денот температурите до 19 степени

Kokicinja.webp.webp

Утрово е најстудено во Берово, -7 степени, а максимален еден степен е измерен во Виница. Како што информира УХМР, -5 степени е во Битола, -4 во Маврови Анови, -3 во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -2 во Претор, Штип и Гевгелија, -1 во Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Попова Шапка, како и 0 степени во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово и Крушево.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 23 сантиметри.


Според УХМР, преку денот ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 14 до 19 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб северен ветер и температура до 18 степени.

Можете да прочитате

СДСМ најавува серијал корупциски скандали на ВМРО-ДПМНЕ – „Тендерски мрежи“

ВМРО-ДПМНЕ: Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авиосообраќајот и да спомнува авио летови

СДСМ: Не може да има пари за луксузирање на власта а да нема за минимална плата за работниците